Elementi Logo

ПИКОЛОМИНИ ПЕД ПОРТИТЕ НА СКОПЈЕ

Backgorund

ПИКОЛОМИНИ ПЕД ПОРТИТЕ НА СКОПЈЕ

Втор дел
ПЛАМЕН

ГЛАВА ШЕСНАЕСЕТТА
ПРИНЦОТ НА ТЕМНИНАТА

Кога принцот на шумата ќе почнеше да слегува по улицата надолуз а да се појави во чаршијата, Ацо Сурутка трчаше пред него и ги предупредуваше луѓето гласно извикувајќи:
„Бегајте луѓе, иде принцот. Иде принцот на чумата.“
Сите се тргаа настрана и бегаа што подалеку од човекот облечен во црно ој иташе и брзаше како стрела за да стигне на местото на кое беше наумил.
Така тие се обезбедија никогаш да не се сретнат лице в лице со него.
А принцот ќе застанеше налутено гледајќи ги луѓето што бегаат и ќе им довикнеше:
„Колку и да бегате, сами ќе дојдете кај мене. Или јас ќе дојдам кај вас. Ниту јас од вас, ниту вие од мене ќе избегате.
И навистина беше така. За ѓал, со таа вистина јас самиот се соочив и тоа многу брзо.
Морав самиот да го повикам ид а го запознаам принцот на темнината.

Во вечерните часови татко имаше обичај, за да с еосвежи и одмори да ги мие нозете во плитко корито. Јас му потурав вода од ѓумот, а некогаш и му помагав во миењето на нозете, додека тој виткаше тукун или ја држеше во рацете килибатната бројаница.
Една вечер кога му ги поткренав ногавиците од чоја – на десното колено имаше три големи бемки. Се избезумив и го превртив жумот со вода до мене – црните бемки беа страшниот знак за чума. Татко беше смирен како и секогаш, велеше дека тоа не е ништо, дека ќе помине, но состојбата му стануваше се полоша. Тој навистина се поболе, легна в кревет и самиот знаеше дека мус е приближува крајот. Јас плачев кога бев во другата соба за да не ме види. А најважното тој беше веќе однапред го направил и пред да се поболи – се погрижил за мојата иднина, за издржувањето ако остане сам, се погрижил за мојот имот, дуќанот, покуќнината.
Чичко Јонуз знаеше се што треба да прави со мене по татковата смрт. Тој и чичко Шемуел Сол од еврејското маало.
Но јас мислев дека татко се уште може да се спаси, верував во чуда, верував во принцот на темнината кој една вечер го повикав да дојде кај нас. И така, тој доаѓаше секоја вечер, го гледаше и негуваше како најблизок свој. Се спријателивме со принцот, јас му бев бескрајно благодарен бидејќи со татко бевме сами, и уште пострашно, можев да останам сосема сам ако тој умре.
А токму тоа и се случи.
Татко почина една вечер во рацете на принцот, а јас плачев, избегав во дворот. Се сокрив за да не ме види никој, ниту принцот, ниту чичко јонуз, ниту Џевад … Зашто има мигови кога човек мора да биде сам, и кога никој и ниѓт на светот не може да му помогне и да го утеши.
Неколку денови по погребот, принцот дојде кај мене и ми рече: никогаш не сум запознал момче како тебе. Такво нема во градот. Ти си сега сам, ќе ми бидеш помошник. Ти си силен, ти си неранлив како мене, одсега ќе бидеме заедно.
Му реков дека ќе размислам, сега морам да видам кај чичко Јонуз, а потоа ќе видиме. Знаев дека ќе прифатам, зашто бев сам, а тој човек имаше некоја чудна маѓија и неранливост во себе, моќе што ме привлекуваше.

(Извадок од романот „Пиколомини пред портите на Скопје во издание на Три, Скопје, 2005)

ЗА АВТОРОТ

ДАНИЛО КОЦЕВСКИ

ДАНИЛО КОЦЕВСКИ е критичар, прозаист, поет и драмски писател. АВтор на речиси дваесетина книги од сите литературни жанрови. Негови поважни дела се: Критиката како заблуда, Поетиката на постмодернизмот, Одисеј, Роман за Ное, Пиколомини пред портите на Скопје и др. Добитник е на врвни литературни награди и признанија: Млад Борец, Крсте Мисирков, Рациново признание, 13 Ноември и др.

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 13

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ