Elementi Logo

ДЕЦАТА НА СОЦИЈАЛИЗМОТ

Backgorund
ДЕЦАТА НА СОЦИЈАЛИЗМОТ

Есен, дождлив ден
патување на душата
Јанѕа на границите на совеста

Таинствена возбуда
Во смрзната душа
На ден со дожд како овој
пресек на бегања во историја
Кога скитници без чадор
Итаат во егзил

Во Тирана, Скопје, Приштина или Париз
Очајниците бараат татковина
Магли на гневот
им ги покриваат патиштата

Слика на погледите над болни лисја
Едно жолтило накиснато од дожд
Дожд на „Генералот…“ на Кадаре18 врне
Во Париз, Москва, Тирана, Истамбул или
Бостон
Копнеж и болка за децата на социјализмот
18 Романот „Генерал на мртвата војска“ на Исмаил Кадаре,
во која дождот е лајтмотив на нарацијата …

ХЕРОИ НА БАЛАДАТА

Само Јас и Ти можеме да знаеме
Зошто умираат хероите
На крајот на баладата

Ние одиме по сиви патеки
До вечноста
Каде што Хамлетите најпосле
Го убиваат заборавот
И ја разрешуваат животната дилема
Да се биде или не

Само Јас и Ти
Можеме да знаеме
Дали умираат среќни хероите
На крајот на баладата

ТАГА

Планинските венци останаа скиснати
Од дождот што раѓа носталгија
Во Скопје пожолтени лисја
Ја покриле меланхолијата на погледот

Внатре во мене
Сопствен прогон тлее

Ти се чешлаше пред огледало
Тринаесет дена
Колку еден век чекање

Не те израдував со моето враќање
Бремето на слепи векови како слепо црево
Беше тешка за моите плеќи
Самотијата ги убиваше орлите
Во глувча дупка завршуваа илузиите

Со што можев да те израдувам
Јас кој зајавнал на болката
По смртта на вербата

БЕСМРТНОСТ

Патот на идилата
До бесмртноста води
Нераспознаени остануваат
Случајните љубовници
Во постела на сласта

Вратите остануваат отворени
Пепелта живот раѓа
Како митска птица
Нема бесмртност
За хероите на баладата
Ако ја бакнат смртта
Неосвоени од љубовта

(Од поетската збирка „Сватови на песната“ во издание на Матица Македонска, Скопје, 2020)

ЗА АВТОРОТ

Даут Даути

ДАУТ ДАУТИ е роден на 31 март 1961 во с. Бојане, Скопје. Основно училиште, покрај во родното село, следеше во Охрид и Скопје, а средното во гимназијата “Зеф Луш Марку“. Дипломирал на Факултетот за интердисциплинарни студии по новинарство на Универзитетот “Кирил и Методиј” во Скопје. Од 1972 година живее во Скопје. Досега објавени литературни и публицистички дела: „Блуден сон“ (поезија, 1989), „Калемење на сонот“ (поезија, 1992), „Умира ли сонот“ (поезија, 1997), „Лоши очи“ (поезија, 2017), „Рибник на пастрмки на Сува Гора“ (раскази, 2001), „Очите на урокот“ (раскази, 2014), „Дија со тажни очи“ (роман, 2019), „Албанците од Украина“ (во коавторсттво со Сефер Муслиу, патеписи, 1996), „Преку црвената линија“ (избор на колумни, 2005), „50 години на Ансамблот „Емин Дураку“ (монографија), „Тешки теми“ (публицистика, 2020) и „Пишување за печатени медиуми“ (група автори), прирачник за новинари, издание на Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Неговата поезија е претставена во антологиите на албанската поезија на руски и на француски јазик, како и во избор на лирика на автори од Македонија во издание на Струшките вечери на поезијата. Даут Даути работел во весникот „Флака е велазеримит“ (“Flaka e vëllazërimit”, од 1998 се преименува во “Flaka”) како новинар, уредник на рубрики до главен и одговорен уредник. Соработувал со многу домашни и странски весници, списанија и други публикации. Во 2002 година Даут Даути доби највисоката новинарска награда „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ за објавените колумни “Преку црвената линија“ во весникот “Дневник”. Во 2013 стана добитник и на Наградата 13 Ноември на Град Скопје за придонес во обаласта на публицистиката и новинарството (оваа признание го има добиено и како средношколец за литературни творби

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 13

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ