Elementi Logo

ПОУКА ЗА СТЕБЛОТО НА БАНАНАТА

Backgorund

[поука за стеблото на бананата]

Тука секоја куќа која и најмалку држи до себе се гордее со стеблото од бананата. Бананата е родена во Бабанија, стара вистина е тоа. Но сепак, како што се чини, баш и нема многу од тие стебла чии големи лисја треперат на жешкиот августовски ветер. Што бис е рекло, можеби секоја куќа баш и не држи до себе. Па ќе пропадне. Бидува напуштена. Празна. Помага војната. Или братот потрес. Па таа ќе падне во себе, а стеблото на бананата останува исправено. Се виори на ветерот како барјак на непостоечка земја.
Ги има и оние тука, межу носа, кои сакаат да кажат дека се тоа „прекрасни краишта, питоми и наши и ги сакаме без оглед на луѓето кои ги населиле од пред некое време.“ Е, гледаш, на тоа место, во таа скоро простодушна реченица, мене ме пресече нешто, некакво сечило налик на лист од банана и мене ми ја исече устата, *****.

[куќа која се закопала]

Горе, во Горите е таа куќа и никој не ја сака па се продава. Убаво, на парче жолт картон со големи црни буки пишува нечиј телефонски број. Од автомобилот е тешко да се запише, треба да се застане. Но, кој да застане таму, нема каде да се застане, меѓу патот и куќата е веднаш голем ендек. Значи, треба да се чита брзо, „во лет“. Се продава веќе некое време, жолтата боја на картонот е се побледа, бројките се измиваат. А тогаш, еден ден, на куќата се појаи некролог. Некој умрел. Некој од таа куќа умрел, а не можеме да дојдеме до него, зашто не знаеме кој е. Мрто и безимен. Двајца живеат еден во друг. Повторно поминувам со автомобилот, некрологот е се уште таму. Поминува цела зима, и пролет и повторно лето. Патуваме на море по старитепатишта, а мојата ќерка кликнува: Ене го! Уште е таму! И тогаш повторно патуваме, патуваме миз времето и одеднаш, во тоа време – невреме. А името му е Потрес, а не Потјех. Се случи така потрес и горе, во Горите исчезнува, се срушува како кула од карти таа тажна куќа со жолт картон на којшто со големи црни букви пишува нечиј телефонски број и со некролог на кој е невозможно да се прочита името на несреќниот покојник. И ми вели мене мојата ќерка: „иди мамо, куќата се закопала самата себе!“

[последниот ден на птиците]

Седочиме на последниот ден на птиците. Јасно, во последните днови славејот, како прв меѓу приците, од мрачната шуплина во грмушките ги пее своите најубави песни. Постојат назнаки дека слаејт најпосле ќе се појави во јавноста, ќе се уериме дека токму славејот и никој друг не ја пее толку гласно песната на славејот. Се собравме околу градското капалиште. Во близина е густежот, најубавиот облик на празнина што ја создала војната, паѓа ноќта и славејот само што не запеал. Но, кој ќе одреди кој ден е последен?

[добар град за да се види Пазолини]

Пазолини е се уште жив и живее во Петриње, го видов утрово на мостот во Гупчевата улица. Вистина е, не лажам. Петриње е добар град за да се види Пазолини жив. За да го видиме Пазолини жив, потребни се посебни услови. Прво, треба да може да се замисли Петриње. А мора да се замисли она што не постои. Сега е веќе полесно, знаеме дека Петриње веќе не постои. Торо, во тој град, за да се сретне Пазолини, не е потребно никој да се познава. Тоа е, секако, олеснето со љубезноста на воените страдања. Трето, не е дури ни потребно да се зборува италијански. Во градот се зборува на јазик што не го разбира никој, па така е полесно да се разбере и Пазолини, ако веќе се случи да се сретнете со него лице в лице на аголот од зградата што престанала да постои непосредно по градбата само што тоа уште никој не и го кажал. Четврто, за да го сретнеме Пазолини, потребно е да се заборави се што некогаш напраил баш се, сите негови филмови, романи и поезија, а треба да се заборави и неговата загатлива смрт. Потребно е тој да се излупи до кожа на обичен човек, оној што молчелив и наведнат се враќа од работа. Или ако веќе нема работа, тогаш веќе не се враќа, слршнал од патот ис е изгубил на периферијата се до часот кога ќе го сретне својот убиец. Ете таков човек најлесно изгубуваме на улица, а го наоѓаме Пазолини.

[мика]

Таму каде што текот на Глина за миг запрел пред мостот, на сувата кал стои Мика. Мика е име за времето што запрело со десетлетија порано. Мика е секојдневно со тие свои десетлетија. За да нема забуна, Мика не стои за џабе крај реката. Во рацете има јадица, моменталната егистенција е осигурана, мозокот полека се празни од самиот себе, нека е и тој малечок имот, нека е, а за тоа што ќе биде утре и онака не треба да се чука главата. Добриот човек Мика. Ене го наутро како ја коси тревата на нечиј имот. Ене го полладнето како со ѕидарот работи врз обновата на разрушената куќа. Сте биле ли некогаш кај него дома? Сте го запознале ли неговото семејство? Секако дека не. Ене го, Мика, добриот човек. Само ќ с епојаи во дворот за да каже збор-два и да испие милосрдно пиво. Потоа молчи се додека не стигне уште едно пиво. Па ќе каже нешто. И повторно молчи. Добриот човек Мика. Кој денес воопшто се вика Мика? Каде си сега, Мика, добар човеку?

Превод од хрватски јазик: Сашо Огненовски

ЗА АВТОРОТ

Мирослав Кирин

Мирослав Кирин е роден во 1965 година во Сисак. Основно и средно училиште завршил во Петриња, а студирал англиски јазик и литература и компаративна книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Пишува поезија, проза, есеи и преведува од англиски јазик. Има објавено десет поетски книги, книга со фото-есеи „Ископани“ (2012), сликовница „Зимско пребарување“ (2015) во коавторство со уметникот Мингшенг Пи, автофикционален роман „Албум“ (2001 година), за кој ја доби наградата „Јутарњи лист“ за најдобро прозно дело во 2001 година и книгата кратка проза Бабанија (2021), која ја доби наградата Фран Галовиќ и беше финалист за регионалната награда Стјепан Гулин. Заедно со Борис Врга ја уредуваше Баниската книжевната антологија во 2021 година. Во 2002 година го објави и Незавршеното патување - книга со современа кинеска поезија. Тој, меѓу другите, објавил преводи на книги од Пол Остер, Ана Карсон и Ванг Џиаксин. Член е на програмскиот одбор на Горановата пролет. Живее во Загреб, каде работи како професор во гимназијата.

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 13

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ