Мирослав Кирин е роден во 1965 година во Сисак. Основно и средно училиште завршил во Петриња, а студирал англиски јазик и литература и компаративна книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Пишува поезија, проза, есеи и преведува од англиски јазик. Има објавено десет поетски книги, книга со фото-есеи „Ископани“ (2012), сликовница „Зимско пребарување“ (2015) во коавторство со уметникот Мингшенг Пи, автофикционален роман „Албум“ (2001 година), за кој ја доби наградата „Јутарњи лист“ за најдобро прозно дело во 2001 година и книгата кратка проза Бабанија (2021), која ја доби наградата Фран Галовиќ и беше финалист за регионалната награда Стјепан Гулин. Заедно со Борис Врга ја уредуваше Баниската книжевната антологија во 2021 година. Во 2002 година го објави и Незавршеното патување - книга со современа кинеска поезија. Тој, меѓу другите, објавил преводи на книги од Пол Остер, Ана Карсон и Ванг Џиаксин. Член е на програмскиот одбор на Горановата пролет. Живее во Загреб, каде работи како професор во гимназијата.
[поука за стеблото на бананата] Тука секоја куќа која и најмалку држи до себе се гордее со стеблото од бананата. Бананата е родена во Бабанија, стара вистина е тоа. Но...