VIII
ЕМИСИИ/СВЕДОШТВА
Од желбите градевме станови
Од желбите ги финансиравме нашите плати
Но и остатокот од програмата
Постојаната едукација на кадарот
Архива нема, никој не знае каде е
Не е сочувана
Затоа не можеме да ги слушнеме старите емисии.
Пролистувај!
Ќе ни донесат Германците штркови
Другарот Тито испраќа Мачва жито
Дневникот на регионот
…..
Сведоштва
Стоп!
Реконструирај.
1975 година се одржувало 30 години од ослободувањето на Аушвиц. На големата манифестација се собраа високи државни службеници и преживеаните логораши. Од Шабац допатуваа тие трите:
Босилка Кузмановиќ – наставничка по француски јазик,
Гоја Јвановиќ – домаќинка
Десанка Мајцнер – уапсена како партизанка и депортирана таму
Магнетофонот работеше. Го бележеше враќањето во фабриката на смртта.
БОСИЛКА
Покрај бодликавите жици, срушениот крематориум, неговиот оџак кој остана да стои и во текот на ослободувањето, се тресев; и понатаму го чувствував мирисот на спрженото човечко месо.
ГОЈА
Скитаме меѓу десетината бараки. Една е наша. Полна со боксови, преполна со луѓе. На едно легло, ако тоа може така да се нарече, спиевме по четири.
ДЕСАНКА
Нсколку пати се будев покрај мртви другарки. Еднаш помислив дека е и таа мртва.
ГОЈА
Имав 34 килограми. Не можев да се помрднам. Секое утро ги собираа мртвите и ги носеа. А јас бев се уште жива и толку уморна што не можев да испуштам ни глас. Тука сум, на колата, со куп други, сите мртви. Во нас гледа една Русинка што не собираше. Руса, и натаму убава, сигурно за скоро стигнала во логорот. Ни самата не знам како забележала дека сум жива, па ме сокри, и таа преживеав. После ми рече дека ми ги видела очите и дека така знаела.
БОСИЛКА
Црвените тули овде беа со сива боја. Чадот од крематориумот е одличен молер. Кога еднаш ќе допре нешто, тоа веќе никогаш не можете да го симнете од вас. Ова уште гори. Не престанало. Зошто сум мислила дека завршило. Овде се чувствува мирисот. Се уште трае. Аушвиц не престанал. Гојо, Десо, тој се уште трае.
Магнетофонот сними се. ЗВУК НА МАГНЕТОФОНСКА ЛЕНТА.
ГОЈА
Фатени сме како партизанки и спроведени во логорот.
ДЕСА
ВО униформите стигнавме се дотаму. Тука не соблекоа, ни ги втиснаа броевите и ни ја отсекоа косата. Не имаше дваесетина.
ГОЈА
Една одби да послуша, се спротивставуваше. Ја турна СС-овката изненадно низ прозорецот. Веднаш ја одвеадоа.
Магнетофонот сними се, радиото емитуваше се. Кога емисијата беше емитувана како наградена, еден ден во сојузот на борци заѕвони телефонот. Гласот рече: „Мисламд ека вчера слушнав емисија за својата мајка.
БОСИЛКА
Автомобилот веднаш тргна. Куќата во Сремска Каменица нема ни врати ни прозорци, на вратата има само една завеса, а веќе почнува есента. Излегува млада жена, во благословена состојба, и секако сама, пејачка. Не гледа нас и ја повикува мајка си.
ГОЈА
Ние моментално се препознавме. Таа беше неписмена, сиромашна, не ни знаше за своите права. Кога случајот го пренесоа весниците, се јави еден сегашен генерал што тогаш беше водич на нашата бригада. Таа доби боречка пензија и стан, убав, над Дрина, а сите бевме на вселувањето.
ДЕСА
Таа преживеа чудесно. Кога ја турна СС-овката, прво беше претепана и оставена да умре. Меѓутоа, таа селанка, војводинка, неписмена, без школо, отишла како и сите нејзини другарки во партизани, била силна, па ја најдоа жива и ја чувале затоа што на останатите многу им значело тоа дека не дозволила да и втиснат број и да и ја исечат косата. Ја чуваа шест месеци. Дојде ’44-та, полека се бегаше пред Русите, ја префрлија во друг логор и така преживеа.
Олга Димитриевиќ