Elementi Logo

ЛИЗГАЧКИ СВЕТ

Backgorund

Колку ме привлекува додека заминувам.
кога се збогувам од земјата
и со воздушестата дланка поминувам
по површината на познатото,
што се провлекува длабоко под мене.
како можам да се олабавам,
да го научам припитомувањето,
дека ќе можам да се залепам
за поттикнатата доверба при пристигнувањето
во скутот на лефтерноста.

колку веќе цела недела се трудам
да го откинам татнежот на секојдневието.
ги распоредувам предупредувањата.
не влегувај, не викај, не се јавувај,
не моли.
конечно се сместувам
во читлива брчка.
го свртувам погледот навнатре.
се притајувам.
расцветувам во внатрешните бои.

колку во ослободените чевли,
моите прсти,
наоѓаат начин да дејствуваат
во овој лизгав свет.
Од поетската книга „Лизгачки свет“.
Препев од словенечки јазик: Драгана Евтимова

ЗА АВТОРОТ

Нина Медвед

Студирала компаративна книжевност и француски јазик на Филозофскиот факултет во Љубљана. Живее и работи во Марибор. Победник е на Фестивалот за млада литература „Уршка“ (2019) за нејзината прва поетска книга „Лизгачки свет“. Книгата е номинирана и на словенечкиот саем за најдобра поетска книга во 2021 година и избрана во програмата на фестивалот Прангер. Застапена е во многубројни книжевни списанија во светот.

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 13

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ