Македонски писател и комуниколог. Неговата книжевна библиографија вклучува пет поетски книги (Лавина, 1995; Плодовите на пеколот, 2014; Пустински цвет, 2015; Шума, 2018; Менување на минатото, 2019), две книги со детски пиеси (Обична бајка, 2002; Магичен компас, 2011), две пиеси за возрасни (Тага, 2012; Тврдина, 2016) и два романи (Сивиот плоштад, 2019; Турнеја, 2020), како и голем број на трудови од областа на комуникологијата, семиотиката, мултикултурализмот, театарот објавени во разни списанија и презентирани на голем број конференции низ светот (Гетеборг, Осло, Милано, Белград, Скопје, Нови Сад, Лондон итн.) Неговата последна пиеса Тврдина е објавена на англиски јазик од страна на издавачката куќа Лулу од Јужна Калифорнија, САД, додека неговите детски пиеси се објавени на српски јазик од страна на издавачката куќа Алма од Белград. Пишува осврти, есеи и колумни за македонски, српски и англиски портали. За неговата поезија е добитник на наградата ИВА БОГДАНИ од Приштина, Косово, наградата на Црногорската асоцијација на преведувачи и меѓународната награда „Книжевно перо“ на Хрватското книжевно друштво од Риека, Хрватска за најдобар роман и за особени заслуги во литературата. Неговите дела се преведени на англиски, српски, албански, индиски, арапски и хрватски јазик. Главен и одговорен уредник е на книжевното списание Книжевни елементи и на веб списанието Елементи.
(Кон романот на Лоф Ју „Прегрни ме цврсто“ во изданаие на Готен, Скопје, 2022г.) Кога зборуваме за љубовта секогаш се фокусираме на нејзиниот флуид, но кога ќе се д...
(Кон романот на „Средиштето на светот“ на Андреас Штајнхефел во издание на Готен, Скопје, 2022) Првата љубов е секогаш искуство кое останува во сеќавање без огле...
(Кон студијата „Сите драјвери вклучени“ на Роберт Алаѓозовски, издавачка куќа „Готен“, Скопје, 2021) Книжевноста не е само дел од интелектуалното живеење н...