Ѕвездан Георгиевиски е роден 1961 година во Јесенице, Република Словенија. Работел како новинар во повеќе редакции: „Нова Македонија“, „Пулс“, „Утрински весник“, „Глобус“. Еден е од основачите на „Канал 4“, првото приватно радио во Македонија. Основач е на наградата „Роман на годината“ што своевремено ја доделуваше „Утрински весник“, а сега ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Ги објавил книгите: „Недела дена во животот и смртта на Гроздан“ (роман, „Темплум“, 2016, второ издание „Темплум“ 2018), „Урбани топоними“ (есеи, „Темплум“ 2018) и „Да не бидам покусо“ (раскази, „Просветно дело“, 2018). Преведува од англиски и од јазизите на некогашните југословенски републики. Досега превел десетина книги. Уредил повеќе зборници, алманаси и списанија. Во моментот работи како извршен директор на Фондацијата „Славко Јаневски“.
Нема да го споменувам името на градот. Нема да ги споменувам вистинските имиња на главните актери. Суеверен сум, ете. Само ќе кажам дека беше странство, а ние бевме с...