Бране Мозетич (р. 1958) е словенечки поет, писател, уредник на серијата книги „Алеф и Ламбда“ и преведувач од француски (Рембо, Жене, Фуко итн.), најпознат како автор на хомоеротска литература. Неговиот опус се протега на 16 збирки поезија, книга раскази, три романи и шест сликовници за деца. Уредил четири антологии на ЛГБТ литературата и неколку презентации на современата словенечка литература. Има повеќе од педесет книги во превод, а неговата поетска збирка Банали (издадена на македонски од Блесок, 2004) е преведена само на дванаесет јазици, што го прави еден од најпреведуваните современи словенечки автори. Организира и работилници за превод, читања на словенечки автори во странство, мал книжевен и музички фестивал Living Literature, Љубљански ЛГБТ филмски фестивал итн.
***Те видов како бавно се движеше кон предниот дел, луѓето свечено стануваа, беше темно, во далечината лесно пливкање на езерото,коешто по работ беше зарастено и тога...