Elementi Logo

НА МАРГИНИТЕ НА КАРАМАЗОВИ

Backgorund

Но, како што веќе знаеш, драг Фабијане, креденецот сепак заврши во мојот имот. Бог дефинитивно смислил се за нас – на нас е само да постоиме! Целиот мој опишан план, целиот мој напор, сето тоа беше непотребно! Ормарот ми беше наменет мене и вака или онака ќе доспееше каде што му е местото. Сепак, многу сум позадоволен што се изјалови птвобиѕниот план.
Таа вечер, до половина очаен, се давев во облаците од тутунски чад, кога заѕвони телефонот. Прво си мислев воопшто д ане ја кревам слушалката, чувствувајќис е потполно неподготвен за било каков разговор, но после минута неподносливо брчење на апаратот, сепак се јавив. На врската беше Амела, целата расплакана, задавена, хистерична.
„Ужас„ Ужас, Аксел! Каков ужас! Зошто тоа ми се случувамене? О, Господе Боже, зошто?“
„Амела, обиди се да се смиришза момент и да ми кажеш штос е случило!“
Шмркна неколку пати, потоа кивна и нешто поразговорливо изусти:
„Карло загина!“, повторно прсна да плаче.
„Како загина? Па попладнето бевме заедно!“
„Во колата. Полицијата тврди дека бегал од нив!“
„Каква глупост! Зошто Карло би бегал од полицијата?“
„Лаги! Се сами бесрамни лаги, Аксел! Твдрат дека е осомничен за низа нерасветлени убиства минатите години и дека веќе долго време го набљудуваат.“
Не верувам ништо… Ни збор … Замисли ја таа бесмислица. Па ти најдобро знаеш до која мерка тој беше простодушен… Мораш да ми помогнеш да го измиеме тој срам од Карло. Ние муго должиме тоа! Разбираш?
„Да, Амела. Секако дрка разбирам. “
Ја спуштив слушалката ис е треснав во фотелјата. Дали е тоа возможно? Па, јас мора да сонувам! Кутриот Карло и Докторот се иста личност?! Мојот бенигнен пријател, неталентираниот доктор по физика, всушност бил расен професионален убиец.
Одвај успеав да се помирам со ваквата можност. Се чувствував насамарен – просто не сакав да поверувам, зашто да с еповерува значеше да се признае својата бескрајна површност која се граничеше со бесктајна глупост. Но, неговото необјасниво богатство и денешното „случајно“ присуство на закажаното место зборуваа необично убедливо во прилог на она што не можеше ни да се насети.
Посебно ме поразува фактот дека во него од самиот почеток бил познат идентитетот на нарачителот на работата, а можеше со леснотија да заклучи кому била наменета улогата на жртва. Како само с енасладуваше гледајќи ме онака смешно маскиран, искапен во потта на нервозата, како ли само уживаше намерно развлекувајќи го разговорот до часот на истекот на закажаната средба. Извесно е дека имал намера да ме пушти на уште неколку неуспешни средби со докторот, продолжувајќи ги и продлабочувајќи ги моите маки се до психолошкиот колапс. Си поигра со мене и ме понижи на најлош начин.
Но, веројатно најзабавните моменти што уште поизненадно му ги пружил животот му беа прекратени и развеани.

* * *

Сите подоцнежни збиднувања и не се вредни за посебно внимание. Случајот на Карло остана нерасветлен до крај, што имаше огромно значење за Амела. Нејзината увереност дека забуната настанала врз темелите на несреќните коинциденции ја подгревав и ајс со својата сила. И го предочував целиот тој апсурд со одбрани зборови, бројните исклучивости во обвинувањата кои го товареа Карло за монструозните, ладнокрвни убиства на невини луѓе.
Меѓутоа, истрагата многу брзо му засмета некому, па се, скоро преку ноѓ е ставено ad akta, со образложение дека активностите на истражните органи се засновани претежно на претпоставки и дека не се располага со ниеден цврст доказ. Добро за Амела, добро за сенките на Карло, а и за мене.
Недолсо потоа, и ја соопштив на Амела одлуката да с еповлечам некаде во внатрешноста и во апсолутен мир да ги продолжам истражувањата.
Многу внимателно, изразив желб, во спомен на Карло да го земам стариот креденец и шимпанзото Хуго, а Амела, трогната, одговори потврдно и топло ми понуди се друго што на било кој начин ме врзува за покојниот пријател.
Веќе ништо не ми беше потребно.

(Фрагмент од романот „Трактат за шеширите“, во издание на Соларис, Нови Сад, 2021)

ЗА АВТОРОТ

Саша Радоњиќ

Саша Радоњиќ (1964) на книжевната сцена е присутен од 1985 година како поет, критичар, прозаист, романсиер, сценарист, драмски писател и кантавтор. Напишал и објавил 14 книги, а го рпиредил и „Речникот на српската патеписна проза“. Сенарист е на игранот филм „Пејзажи на поезијата“ којшто е снимен по исоимената новела, а направил и драмска адаптација на своите дела “Три украдени романи“ и „Клубот на љубителите на смена 8“, тетарска претстава која е на репертоарот на Народниот татар од Кикинда и на Шабачкиот театар, како и на монодрамата „Чај со Кублај Канот“ во изведба на Југослав Крајнов. Ја востановил наградата Струни од светлина за афирмациј ана поетскиот збор о рок и блуз музиката и ја доделува од сопствената фондација од 2015 година. Основач е на концептуалниот состав „Соларис Блуз Бенд“ со кој снимил пест албуми. Застапен е во бројн антологии на српската поезија и проза.`

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 13

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ