ЗАШТИТЕН
Неговиот живот беше внатре во куќата,
Заштитен од покривот.
Додека пожарникарот влезе внатре,
Него го снема.
Тој поминуваше преку се што остана,
Потонати очи, заспани раце,
Мозокот со часови неупотреблив.
Човекот го обложи своето срце.
Тој многу внимателно го изнесува.
Тоа се уште чука и тој без здив прашува
Колку тага може да поднесе ова срце?
За тоа нема никогаш одговор.
ИСПЕЧЕНА
Со тркалезно тесто во моите раце,
Го тркалам твоето срце за да го израмнам …
За да го спречам од удирање.
Црвенилото од крвта се претвори во восок,
Лепливо додека е влажно.
Го мешам со брашно за да се собере,
Имај во предвид, никогаш не си го имал ова.
Кожата е додадена за додтен вкус.
После пресекувањето на неколку вени,
Мојата креација е подготвена за печење.
Таа извадена од рерната, е целата крцкава,
Но прекрасна …
Вратата е отворена и јас ја фрлам надвор,
За приците.
Исколвајте ја пријатели мои.
Очигледно, сите куѓе одлетале.
ШТО АКО Е ГОСПОД СТРОГ
Го барам вистинското месо без крварење,
Мојот глас слободен, виси на распетието,
Страста од овие усни разгорува гревови
За да ми ја згрутчи устата.
Распнувањата го прекршуваат секој ден,
Напикани се во фиоката,
Обираат прашина во магацинот за облека
Понекогаш Исус станува толку прашлив
Што неговото чистење станува проблем.
Прашината е толку густа што му дозволува да воскресне
Што прави тој, кива?
Можеби Исус ќе развие алергија,
Чудо на животот.
Глорија Миндок е авторка на „Пепел“ (Глас Лир Прес, 2021), „Би сакала да ме сака Франциско Франко“ (Никсис Мејт Букс), „Белината на коската“ (Флас Лир Прес), „La Portile Raiului“, препеана на романски од Флавија Козма, (Арс Лонга Прес, Романија), „Ништо Божествено овде“ (У Шоку Штампа, Црба Гора) и „Фустани намокрени со крв“ (Ибетсон Ст. Прес). Објавена е во САД и пошироко, нејзината поезија е преведена и објавена на единаесет јазици. Глорија е уредник на Cervena Barva Press и е поетски лауреат на Сомервил, МА, во 2017 и 2018 година. Нејзината поерска книга „Пепел“ е добитник на меѓународната награда NYC Big Book Award и на наградата Firebird Speak Up Talk Radio . „Пепел“ е исто така преведена на српски јазик од страна на Милутин Ѓуричковиќ и објавена во Белград, Србија.