Elementi Logo

НА СЕСТРИТЕ БРОНТЕ

Backgorund

НА СЕСТРИТЕ БРОНТЕ
(последната романтичарка од Negro Monte)

Би сакала уште еднаш да се искачам на дубровничкото брдо.

Да нагазам нешто тврдо,
да ме дочека тревичка мека.

И токму во тој момент наидува згоден странец од далеку,
па в колиба на врвот од ридот да ме внесе
кај што сѐуште диви стада пасат,
Да се муртам и негодувам
додека ме сака
и целува
па ме разболува
и ме остава на дождот под кој трчам
и паѓам
како преку гранки навалени

Во висок стил
страдам

И на крај умирам
од бели дробови воспалени.

ТРАНСФЕРЗАЛА

Во својот тажен обид да го симнам Лоренс
ќе се заплеткам во клучка,
па барем од свила
да би била

твојата несмасност нежна
како од мечка
ја стопи оваа кралица снежна
и иако тоа никогаш не ти го рече
ти испече
палачинки со ореви

Од трансот
На себеси си дојде
Возот кога пројде.

Превод од српски јазик: Марина Икономова Шокева

ЗА АВТОРОТ

Катарина Сариќ

КАТАРИНА САРИЌ (1976), црногорска поетеса. Дипломирала филозфија и јужнословенски јазици. Авторка на 13 саостојни изданија. Нејзините дела се преведени на повеќе јазици и наградувани.

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 13

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ