Elementi Logo

НА КРАЈОТ ОД ТУНЕЛОТ

Backgorund

НА КРАЈОТ ОД ТУНЕЛОТ

Го почувствуав
допирот на свелото.
Го издвоив зракот.
Дишам длабоко
низ око.
И гледам дека гледам.
Ти си тој.

 

СЕРИОЗНА ЖЕНА


Ја прпознавам играта на согорување
и бегам со време
Моите години знаат
дека блесокот трае миг
и ја насетуваат опасноста
долго да се сеќавам
Јас сум Сериозна Жена

 

ИГРА


Толку многу си играм
што не стигнувам да ги запаметам игрите
Всушност само
си играм
Убав збор е тоа
Уживам кога си играм
Може да се рече дека сум играч
Ги знам и играчите од игрите

 

ДИЕТА


Гладна сум!
Гладна за благо, солено, луто, горко.
Крцкаво, кремасто, цврсто, питко.
Ги полнам своето тело и душа.
Го хранам едниот од нагоните.
Разговарам со Фројд и Јунг
додека шетам по совет на лекарот по општа пракса.
Телото ми е болно поради дебелеење.
Веројатно и душата.
Ја лекувам само нејзе.
Каде е грешката?
Во другите нагони
кои ги препакував во устата?
Кој ќе знае, човекот е чудо.
Морам на диета,
Јасно ми е.
А гладна сум
и додека ова го пишувам.
Нема да станам.
Не, не.
Диета!
Пишувај, Милосава, пишувај…

 

СПИЕЊЕ


Ни положбата на фетус
Не ја ублажува болката
На празните раце
Ја завлекувам главата

Под перница
Платното под таванот
Се стреми да падне
Не е важно
Не сакам Диазепам
Мој таван
Мои скали
Мој пад
… во Сон

Препев од српски јазик: Борче Георгиев

ЗА АВТОРОТ

Милосава Павловиќ

Милосава Павловиќ е родена 1958 година во Панчево. Ги објавила збирките поезија: „Играч“, 1983; „Игра“, 2012; „Точка на кршење“, 2019. Коавтор на книгите: „Крилати песни и пријатели“, поезија 2016; „Заедничка соба“ (поезија на српски и еврејски јазик, 2019; „Бесчујно не спојува ѕвоното на срцето“ (избор на современа српска поезија на еврејски јазик) 2021. Член е на: Здружение на книжевниците во Србија, Друштво на книжевници во Војводина, Здружение на книжевници и книжевни преведувачи во Панчево, Поет на светот, Уметничко здружение Арте и Здружение на независни новинари во Србија. Живее во Панчево.

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 13

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ