Во играта мораше са се учествува:
мораше да се живее:
на моменти спокојно,
осветлен од жижата на стигот
или тишината на виното
опкружен со млади лавови
и нивните ловечки нагони,
на дивокозата да и се искорне јазикот,
требаше да се пишуваат неприкосновени стихови,
заедно со неколкумина
да се чува клучот (од домот),
иако с енеколкумина во секој случај;
она битното
секогаш бодеше очи,
потем воздржување,
искуство на искушение,
најмногу стрепење од тие ситните
безначајни компромиси
да се живее меѓу жиците,
да се прошета низ градот слободно,
да се одмори под дрвото,
да се измоча во реката,
да се врати дома
како секогаш несакан гостин,
секогаш непресметливо жив.
НОЖ
Раката посега по ножот
и засекува во ткивото.
Тогаш гргнува крв.
Тој што со целото тело
ја доживува болката,
влегува во слободната зона:
себе може да си се обраќа
како што сака
секому смее в лице да му ја каже
вистината.
Тој што со целото тело ја доживува
Болката,
Ги благословува потоа раката
и ножот.
Превод од српски јазик:
Ѓоко Здравески
МАРЈАН ЧАКАРЕВИЌ (1978), започнал да објавува осврти, поезија и есеи и преводи уште од вториот дел на деведесеттите години во водечки српски и регионални шечатени и веб списанија. Има објавено пет збирки поезија: Параград, 1999, Систем 2011, јазик (2014), Седум зборови на градот (2014) и Ткива (2016) како и збирката кратки раскази Историј на телото (2021). Неговите раскази се застапени во антологии на современа српска поезија, додека пак тој уредувал тематски изданија на списанието Градац посветени на дендизмот (2013) и алкохолизмот (2021). Тој е уредник на списанието за книжевност и уметност Полја.