Љубовта се апсорбира во моето тело,
Не можам да не испеам љубовна песна.
Секоја од овие песни што ги пишав
е заклетва што ја дадов на таа вистината.
Искрите што ги гледате во моите очи
се светлините што ги носи од рајот
И желбите процветаа во моето срце
не сте го виделе ли цветот со чадорот?
надежта никогаш нема да овене, да пресуши
Пролетта секогаш в душа ми цвета.
голема е болката што може
да ми ги расцвета вените и коските сега.
Јас сум создаден од љубов кон Семоќниот
Дали животот знае кој сум јас?
Во моето ситно тело, во моите мали гради
Колку талент и љубов имам овој час?
Дали животот знае кој сум јас?!
* * *
Животот ја уби целата моја страст,
Стискајќи го моето срце како калинката
Сакаше да направи мојата нежна бела душа
Да се облече во црната облека на тагата.
Сета моја надеж станува послаба и бледнее
Моите планини на земја се уриваат.
Од ден на ден моите стапала се спуштаат
Од ден на ден мојата душа без сила останува.
Молња удира во мене
Како да ќе ми се расцепат градите.
Се плашам, Господи мој, многу се плашам
Што ако целото небо на глава ми се наднесе!
* * *
Талкав и шетав милиони години,
Милиони години молев за смиреност, Господи мој.
Сенки на омраза ми го преминаа патот
Милиони години не го изговорив ниту зборот свој.
О болка на живеење безнадежни денови,
О, мои залудни желби, превртлива болест.
О ти вино на љубовта во мојот пехар
О љубов – со милиони години прелест.
* * *
Се завиткав со стари неволји,
Мојата глава повторно е покриена со неволја.
Ветив дека повеќе нема да плачам, но
Очите ми плачат како дождовна провалија.
Тажна слика е во моите очи денес
Како древна книга моето срце е во прашина.
Животот ми е збунувачки како виор
Цвеќињата на мојата надеж се целосно жолти како патина.
Буден сум додека спијам
Се молам иако спијам.
Јас сум одвоен од овој свет и време
Знаеш ли каде се губам?
Ѕвезди на ноќта – мојата тага, мојата болка
И самата ноќ – многу верен пријател.
Навистина, не сакав, не бев сакан?
омраза кон себе никогаш нема да престане.
Моите соништа одат во земјата на сеќавањето
В тупаница држам куп стуткани слики
Само да ми се вратиш
О, среќо оставена на нашите стари слики.
Божјата тага цвета во моите гради
Тоа е големата љубов, доживотна песна.
Тоа ќе допре до душите на човештвото
Со цело срце ако пеам убава песна.
Душо моја, никогаш не се откажувај заради болката
Биди секогаш подготвени за борба, за битка.
Со срцето полно со искрени желби
Ја поздравувам раната утрина што светка.
О срце мое, биди чисто како лист хартија,
Соништата се различни, целите се живи.
Нема простор за тага
Те викам среќо, животни страници нови!
Талкам во градините на мојот сон,
Кога околината е под месечева светлина.
Лежам ме мачкаат со среќа
Кога небото силно ја гушка прашината ѕвездена.
Ангелите ми ја пеат својата приспивна песна
Спијам мирно со задоволство во мир.
Верувањето во утре се крева во моето срце
Верувам дека мојата иднина ќе има убава шир.
Моите раце допираат до ѕвездите, дури и до Месечината
Само да одлучам малку да гим истегнам.
Очите на сонцето ќе станат слепи
Само една минута во нив да се заѕурам.
Очите на сонцето ќе се стопат…
* * *
Ми недостигаш драга, многу ми недостасуваш
Не се подготвени да зачекориме по на љубовта патот.
Иако ги заборавам најстарите спомени
Мојата облека го задржува мирисот од образот.
Мила, овие далечини не разделија
Нашата љубов ослабе не стигнувајќи до целта.
Секоја моја секунда минува барајќи те тебе
Среќата не чека на станицата следна
Розите што ти ги купив
Венеат и стануваат жолти.
Сите болести на моето срце се твои,
Ти испратив пролетен мирис, љубов моја.
***
Не успеав да ги сретнам реките, Боже мој
Тагата ги опкружи деновите и неделите.
Потоците кои ме бараат нагоре се исушија
Поради немилоста на болестите.
Не успеав да ја исполнам ширината, Боже мој
Се затворив во мојата соба сам.
Ластовичката се шушкаше за да ме извести дека
Пролетта дојде и веќе помина сал.
Не успеав да ги исполнам моите соништа, Боже мој
Подигнувајќи ја целата тага на моите раменици.
Болките ја поробија мојата чиста душа
Дали сум бил роб на моите стари искушеници?
Не успеав да сретнам мориња, Боже мој
Огнениот здив ми го пече грлото.
Донеси ми ја слободата на мирисот, те молам
И донеси ми вести за слободата, и донеси го ветрето.
* * *
Како да здогледале нешто
Кучињата викаат и лаат без никаква пауза.
Очигледно е дека гледајќи го ѓаволот
Дудинките малку лутаат во сонот незауздан.
Сомнеж од нешто чудно
Водата во изворите продолжува да ромори.
Како ужас на смртта
Во текот на ноќта е поблиску до нас без одмори.
* * *
Не можам да верувам во она во кое верувам
Навистина, пролетта се врати во срцето мое?
Не чувствував непријатности,
Сите јажиња се растворија во срце она што е.
Ти благодарам Боже, сè се случи точно
Во очите ми се стопија мразови од мојата душа.
Мојот пехар беше исполнет со златни парчиња
Добро, се ослободив од несреќата и слушам.
ЈАХОНГИР НОМОЗОВ е млад Узбечки поет роден во 1997 година. Пишува поезија и новинарски написи. Неговите дела с еобјавени во Туркменистан, Азербејџан, Турција и Бангладеш. Објавен е на литературни сајтови во Виетнам и Алжир.Учесник е на традиционалниот Заамир семинар за млади поети. Член е на светската межународна асоцијација за таленти. Добитник е на Абеј медалот и на комеморативниот беџ на Амир Темир – меѓународната донаторска асоцијација. Неговите песни се вклучени во книгите: „Лирски моменти“, „Песна на реките“, „5 можности за 5 иницијативи“ и „Славата на слободните и просперитетни денови“. Во 2021 година ја објавил книгата „Бунтовници на мојата душа“.