Оља Стојанова е родена 1977 година е писателка, поетеса и драматург. Докторирала новинарство и масовна култура на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“. Оља Стојанова е добитник на повеќе награди од престижни конкурси во поезија, проза и драма. Автор е на девет книги – две збирки раскази, една есеистичка книга, четири збирки поезија, еден роман и збирка со драми. Поетската книга на Оља – Улица „Среќа“ во 2013 година ја доби Националната награда Николај Канчев за поетска книга на годината и Националната награда Иван Николов 2013 за поетска книга на годината. Нејзината претстава „Покана за вечера“ (Театар „Софија“) ја освои Националната награда за најдобар драмски текст на годината за 2014 година. Во 2018 година нејзината претстава „Бојата на длабоките води“ (Народниот театар „Иван Вазов“) повторно ја освои Националната награда Аскеер во категоријата за најдобар драмски текст на годината. Нејзините раскази, песни и драми се преведени на шпански, германски, англиски, италијански, македонски, португалски, полски, српски, чешки, словачки, турски, арапски, руски, грчки и виетнамски.
ПРВА СЦЕНАНапуштено место. Може да изгледа како железничка станица, со клупи и запрен часовник. На ѕидовите залепени реклами. Поминува жена во груби гумени чизми, т...