Elementi Logo

АВТОР: Марина Мијаковска

Објави од Марина Мијаковска
Backgorund

Марина Мијаковска

Марина Мијаковска е родена во Скопје во 1984 година. Таа пишува поезија, проза, есеистика, литературна критика и научни трудови. Дипломирала и магистрирала на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Таа е доктор на филолошки науки. Во декември 2017 година на Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје ја одбранила докторската дисертација под насловот Écriture féminine и романот: Прилог кон феминистичката теорија на жанрот. Мијаковска од 2013 година е членка на Друштво на писателите на Македонија. Мијаковска учествувала на многу меѓународни книжевни манифестации во земјава и во странство. Таа се стекнала со неколку книжевни награди во земјава и во странство: „Специјална награда за литературно творештво со високо уметничко ниво со ценети и трајни поетски вредности“ на „Поетски вечери во Корча“ (2012); „Караманов“ (2013); „Македонска книжевна авангарда“ (2013); „Крсте Чачански“ (2014); „Бели мугри“ (2015) и награда „Даница Ручигај“ при Друштво на писателите на Македонија (2019). Марина Мијаковска учествува на научни конференции, предава на работилници за креативно пишување. Стихозбирки за возрасни: -„Номадска душа“ (Скопје: Антолог, 2010); -„Куфери“ (Скопје: Матица Македонска, 2013); -„Психоаналитичка алхемија од страсти“ (Радовиш: Дом на културата „Ацо Караманов“, 2013); -„Тиркиз во лето“ (Струга: Бран, 2015); -„Постела на тишината“ (Скопје: Дом на култура „Кочо Рацин“, 2015); -„Коскена“ (Скопје: Дијалог, 2019) Стихозбирки за деца: -„Новогодишни детски песни“ (Скопје: М. Мијаковска, 2017) Книги со раскази: -„Куќички“ (Струга: Бран, 2014) Есеистички и научни книги: -„Жанровски полимер: Сандаче од ракописи во обид“ (Дијалог, 2016); -„Модели на родовата идентификација“ (Скопје: Сигмапрес, 2018) -„Écriture féminine и романот: Прилог кон феминистичката теорија на жанрот“ (Скопје: ЦКС, 2020) Аудио книги: -„Психоаналитичка алхемија од страсти“ (Велес: Локална библиотека „Гоце Делчев“ од Велес и Брајовата библиотека „Рајко Пајдаков“ од Велес, 2018)

ТИШИНА! БИБЛИОТЕКА!

Марина Мијаковска „Приказни од Пајко Маало“ (2021) ТИШИНА! БИБЛИОТЕКА! Веќе одамна сите ме имаа заборавено. Нараменото време и спакуваните платна низ годиниве о...

Прочитај Повеќе

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 13

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ