Elementi Logo

АВТОР: Макс Чолек

Објави од Макс Чолек
Backgorund

Макс Чолек

Макс Чолек живее во Берлин. Дипломирал политички науки на Слободниот универзитет во Берлинво 2012, а сестекнал со докторатна Центарот за истражување антисемитизам на Техничкиот универзитет во Берлинво 2016 година. Тој е основачна Берлинскиот поетски колектив Г13 и насписанието „Јалта – Позиции за еврејската сегашност“. Во 2016 година, тој бил организатор на настанот „Дезинтеграција. Конгрес за современи еврејски позиции“ во театарот „Максим Горки“, Берлин. Следниот настан „Денови на радикална еврејска култура“ се одржал во ноември 2017 година. На настанот било вклучено прикажувањето на неговата првад рама „Селанец со секира“ (во режијана Сапир Хелер). Од 2013 година, Макс Чолек е германскиот куратор за проектот Babel sprech, кој има цел да воспостави меѓунационална мрежа за млади поети кои говорат германски јазик и организира настани во Украина, Холандија, Словачка, Словенија, Швајцарија, Австрија, Италија и Лихтенштајн. Тој бил поканет на бројни меѓународни фестивали, а поминал три месеци во Културна академија „Тарабија“ во 2018 година. Тој е коуредник на антологијата Lyrik von Jetzt 3. Babelsprech (Валстејн Верлаг, 2015) и каталогот „Дезинтеграција. Конгрес на современи еврејски позиции“ (Кербер Верлаг, 2017). Неговите книги со стручна литература ги издава Карл Хансер Верлаг, Минхен. Неговите поетски збирки Druckkammern (2012) и Jubeljahre (2015), како и електронската книга A.H.A.S.V.E.R. (2016) се објавени од страна на „Верлагхаус Берлин“.

КОНКУРС ЗА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА (ИЗВАДОК)

КОНКУРС ЗА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА (ИЗВАДОК) Им се обраќам на ониеКои купваат користени четки за забиЗа тротоарот и забележуваатДека работата е веќе завршена Кои веруваа...

Прочитај Повеќе

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 13

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ