ИВАНА НЕЛКОВСКА (1987) Дипломира на катедрата по Драматургија во 2011 година на ФДУ во Скопје, а магистрира на катедрата по Драматургија во 2019 на ФДУ во Белград. Има работено на неколку проекти кака филмски и телевизиски сценарист (Бумеранг продукција , Хоризонт продукција, Навигаторс ПР, Квазар Филм, New moment video house, Македонска Национална Телевизија, Vidi Vaka). Во школската 2018/2019 година е демонстратор на ФДУ во Скопје по предметот Драматургија водена од професорката Маја Стевановиќ. Вработена е како Драматург во театарот “Војдан Чернодрински” од 2014 година. Има соработувано со многу режисери меѓу кои се Слободан Унковски, Коле Ангеловски, Љубиша Ристиќ, Наташа Поплавска, Милош Б. Андоновски , Горан Головко, Срѓан Јаничијевиќ, Драгана Милошевска-Попова, Љупчо Ѓоргиевски, Нела Витошевиќ,Синиша Евтимов итн. Од 2013 година е ко-основач на Здружението за граѓани КОЛЕКТИВ ВЕТЕРНИЦА и редовен професор по танцов театар за деца и млади во чии рамки има создадено 17 претстави од деца за деца и учествувано на 16от Интернационален симпозиум на театарски критичари на СТЕРИЈНО ПОЗОРЈЕ 2018, Нови Сад, Србија. До сега на сцена и се поставени 2 авторски драмски текстови: „Во собата со една маса и три столици“ во 2011 година на Академската сцена на ФДУ во режија на Марија Бејкова (актерка) и „Хроника на еден сон“ во 2017 година на сцената на театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп во режија на Ивана Ангеловска. Истоимената драматизација на романот „Физика на тагата“ од Георги Господинов која беше изработена за претставата во Кумановскиот театар во режија на Милош Б. Андоновски во 2018 година е издадена во списанието Културен Живот 3-4/2019. Ивана Нелковска е автор на драмите „Во собата со една маса и три столици“, „Хроника на еден сон“,„Месечевата боја“ и „Седмиот ѕид“. Ivana Nelkovska graduated at the department in 2011 at the FDA in Skopje, and gained a master's degree at the Department of Dramaturgy in 2019 at the FDA in Belgrade. She worked on several projects as a film and television screenwriter (Boomerang Production, Horizon Production, Navigators PR, Kvazar Film, New moment video house, Macedonian National Television, Vidi Vaka). In the school year 2018/2019 she is a assistant lecturer at the FDA in Skopje for the subject Dramaturgy led by Professor Maja Stevanovic. She has been employed as a playwright in the theater "Vojdan Chernodrinski" since 2014. Since 2013, he is a co-founder of the Association for Citizens KOLEKTIV VETERNICA and a fulltime professor of dance theater for children and youth, within which she has created 17 teatre performances by children for children. Ivana Nelkovska a author of the plays "In the Room with One Table and Three Chairs", "Chronicle of a Dream", "The Color of the Moon" and "The Seventh Wall".
ГАЛОПОТ НА ДРВЕНИТЕ КОЊЧИЊА ВО НОЌТА Поетска драма 2 ЛИЦА МИРО 24 години, висок младич со груби црни чизми.ЛУНА 19 години, негувана девојка со бели чизми.5 КОЊИ Дрвени к...