Ана Аврамовска е родена во 1991 година, во Куманово. По дипломирање на Универзитетот во Викторија, започнува да работи во Канал 7 во Сиднеј, на ТВ-шоу. Работејќи со истакнати и креативни луѓе, писатели и уредници, се инспирирала да ја насочи својата кариера кон издавачкиот свет. Повторно дипломира со две специјализации на Универзитетот за уметност во Сиднеј во областа лингвистиката и по англиски јазик – каде што во 2017 година е наградена за натпросечен успех, најдобар во генерацијата. Поседува сертификат за предавање англиски јазик од Универзитетот на Кембриџ, а на Универзитетот во Мелбурн сега магистрира на Одделот за креативно пишување, објавување и уредување. Во нејзиното работно искуство се вбројува и уредувањето на веб-серија за режисерката Кели Смит, а меѓу освоените награди стои и наградата за поезија од „Ред рум поетри“. Во моментов работи како консултант и уредник во образовната институција Академија „Џенерејшен Аустралија“ (Generation Australia).
Извадок од „Водни тела“ – Ана Аврамовска Влегува во галеријата заедно со група девојки кои успеваат брзо да се вовлечат во топлата и низ вратите. Наместо да...