ПОНЕКОГАШ
Понекогаш
до толку опипливо
ја чувствуваш својата
благословеност
што работите
ти се редат како сложувалка
што подиспразнатите
извори здогледуваат
нови поточиња
тргнати кон нив
термините за обврските,
духовните сончања
и слободното време
се поклопуваат
усогласени до минута
И се си има
Некаква смисла.
FEARLESS
Како да ти ја покажам
светлината,
кога одбиваш да ја видиш,
-на невидено
негираш
дека постои!?
* * *
Редот за свеѓи
судба нзнајна откри –
лик од тв серија.
* * *
Празнично ѕвоно
нови очи отори
во сокак познат.
* * *
последен в црква
свеќите што ги палам
штрчат најдолги.
* * *
Миејќи заби
низ малото пенџерче
здогледав црква.
Од поетската збирка „Скопски улици„ во издание на Бегемот, Скопје, 2022)
ВАСКО МАРКОВСКИ (1973), туристички водич, поет, патеписец и литературен преведувач. Дипломирал на студиите по турски јазик и книжевсност со чешки јазик и книжевност. Автор е на поетската книга Корпоративно утро, монографијата Урбани легенди и патеписите Непозната Македонија. Главен уредник е на месечникот Free Time Guide – Macedonia. Добитник е на признанието Најдобар промотор на Македонија за 2010 година.