Elementi Logo

ПЕСНА ЗА СКОПЈЕ

Backgorund

Скопје

Осумдесет и некоја

Градот на моето детство

Населба Карпош кај Треска

Улица Борка Талевски

Број 60 стан 4

Сеќавање на првата детска љубов

И првиот ноемвриски дожд

Кој знае каде е сега Соња Вангелова

Таа убава црноока девојка

Можеби е сега мајка

И нечија жена

Колку беше убаво во Скопје

Таа топла есен

Со песните на Драган Мијалковски

Додека ветерот лелееше

И ги виткаше водените гранки

Поминаа толку години

А Вардар и понатаму тече

Тече како некогаш

ЗА АВТОРОТ

Милутин Ѓуричковиќ

МИЛУТИН ЃУРИЧКОВИЌ (1967), прозаист, поет, научник. Автор на над педесет книги поезија, раскази, романи и научни книги: Како растеа близнаците, Каков татко, такви близнаци, Близнаците и семејниот циркус, Јас те сакам, а ти како сакаш и др. Приредувач на бројни антологии. Неговите книги се преведени на над четириесет светски јазици. Добитник е на наградите: Симо Цуцуќ, Доситеево перо, Раде Обреновиќ, Ана Франк и др.

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 13

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ