ко сиви, нивните гнезда во импасто
помеѓу калканите
и населените ѕидови.
Мојот плоштад цвркотеше
од повратници. Таа ме фати за рака,
застанувајќи под полуизградените
табернакули ̶ ми кажа
како мајка ѝ се колне дека куќата
што вдомува вакво црцорење
има среќа преку целата година. Ме водеше
кон празните стреи на западната страна.
На продолжените тонови што се слушаа од бристолските тури
за разгледување на заливот, весело си запеа:
Мадам Мартлет не сака да расте деца
На место каде што злочин бил извршен.
Ги намирисува доковите и сето тоа
на мене. Велам дека можеби навистина
ја поминав вечерта зборувајќи за Париз,
бродови и норвешки цркви
со мојот добар пријател г. Дал
и како и да е, што со тоа,
сега умот повторно ѝ е црн ̶
зафатен со своето погребување
под малата издигнатина во базјето
нејзиното бескрајно положување лилјани
едноставно се порамнува со нивото
на сите загуби? Сè уште нема камен,
липа таа; тоа е ѕверски, сурово.
Ме душка како кучка,
замислувајќи си го носителот
на вулгарниот мирис на кејот.
Градинарот ја познаваше;
исто и жената што го чистеше изметот од галебите
со челична четка
од остатоци од краци на сидро
и ангелски порабувања. Таа излезе од
патот, ме водеше цикцак
низ парцелите
до местото каде што видовме кутија
не поголема од нејзината кутија за накит
спуштена долу како да има некоја
тежина. Таа го изговори неговото име;
Јас го пропелтечив. Дома,
со девојчето таму со нас,
се чув себеси како велам: Види,
ја отстранив земјата од гробот на моето синче
од своите гамаши.
Превод од англиски: Јулијана Величковска
Демијан Волфорд Дејвис е роден во Абериствајт во 1971 година. Има објавено три претходни збирки со Серен - Костум од светлина (2009), Вештерка (2012) и Јуда (2015) - а исто така уредувал збирка песни на Р. С. Томас - Песни за Елси (2013) – за Серен. Неговите други поетски книги вклучуваат ко-вторство Избелување (2006), памфлет, Алабастер девојки (2015) и претстојната песна-либрето, Приказната на Мер. Тој е продекан и раководител на Колеџот за уметности, хуманистички и општествени науки на Универзитетот во Кардиф. Живее во Кардиф. Верува во некои денови, во духови.