Elementi Logo

НИКОМУ НИШТО

Backgorund

Никому ништо

во пекарниче
ниче
одбива да ја замеси
суштината на животот

Кревкост

толку е кревко телото
во сите негови клетки трепкаат сигнали
за возбуда премор радост и болка
духот само трепери како свеќичка
роденденска
и
погребна

Понекогаш во ред e да си изгубен

го сонував дедо ми со сина кошула како море
читаше весник задлабочен како да нурка
сакав да го прашам како се чувствувал
кога му умреле две ќерки
nadmašio stenli metjusa
стоеше исечок од весник во дневната
дедо ми бил фудбалер
од небесатата

Разбирање

седевме на галичкиот рид
кршевме леб и мезевме меко сирење
дивите цвеќиња ни го трнеа секој допир
пиевме топла блага ракија
се роди љубов таму високо
облаците нацртаа силна светлина
мораше да се покриеме со надеж
да трчаме и да се стркаламе по планината
сѐ да ни крвави а ние да сме облеани од задоволство
како кога знаеш дека ќе те снема
и пак си среќен

(Од поетската збирка „Слобода А“ во издание на ПНВ Публикации, Скопје, 2022)

ЗА АВТОРОТ

Ана Голејшка Џикова

Ана Голејшка Џикова, поетеса. Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блазеж Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Посветен е социјален активист на иницијативата #ретвитни оброк. Авторка е на две поетски збирки: „Љубов на улица“ и „Слобода А“. Преведена е на спски, турски и англиски јазик.

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 13

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ