Првите барикади што ги видов
беа оние од еден куп стрипови
зад кои се криеја учениците
на Платото пред Филозофскиот
продава два за динар
доволно изнакупив
за да добијам алергиска астма
при селидбата ги испикав во кутии
со години останаа во визбата кај баба ми и дедо м
не можев повеќе да ги читам мемливи
студирав филозофија единаесет години
гледав во искршените плочници на Плато
сонував за закон за реституција, таков од
преполнетите кутии да ги доиполни барикадуите што недостасуваат
и да го сочува огнот од оние зад нив
градско зеленило
трамвај заглавен на кружниот тек
испраќа поздрав од Швајцарија
бездомник лови риби од пластични езерца
му се плазат со најлонски свитоци
завеси од заштитни мрежи на скелиња
маскирна јакна на питачот без нога
во шлемот пред него изгмечена салата
на покиснатите дваесеттици
прекинат швенк на бришачот пред елката
попладневна мов на лицето на таксистот
куполи од оксидиран бакар
влажни церади на пазарните тезги
наместо скршен семафор
трепка неонот од аптеката
вели: време е да одиме
Препев од српски јазик: Сашо Огненовски
(Од поетската збирка „Збогум, Дилане!“ во издание на Енклава, Белград, Србија, 2023
Данило Ѓоковиќ