Elementi Logo

КОГА ЌЕ ДОЈДЕ ВАВИЛОН

Backgorund

КОГА ЌЕ ДОЈДЕ ВАВИЛОН

Татко ми сади шума
татко ми чешла лозје.
Тој никогаш не спие
оти сака да знае
кога ќе дојде Вавилон.

Додека се откажува од земјата,
прегрнува облак и преостанат звук.
Тој знаеше, тој беше
мојата кула, мојата вера.

Татко ми ги поедноставува ѕвездите,
татко ми ја смислува далечината.
Тој засекогаш сонува
оти не може да знае
како ќе дојде Отецот.

ВИСТИНА

Ако имаш што да кажеш, кажи го тивко,
да те чујат само мравките
и луѓето под земја.
Тие знаат да чуваат тајна
и вистината им е важна,
поважна од животот.

(Од поетската збирка „Ноќни луѓе“ во издание на ПНВ Публикации, Скопје, 2021)

Препев од хрватски јазик: Владимир Мартиновски

ЗА АВТОРОТ

Иван Херцег

ИВАН ХЕРЦЕГ (1970), поет, раскажувач и уредник. Дипломирал Хрватски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Автор е на поетските книги: Нашите други имиња; Ноќ на асфалтот; Снимки на земните воздишки; Ангели во жалост; Неправилности; Кога ќе дојде Вавилон; а во ракопис му е збирката Нулти живот, како и на збирката раскази Голи. Обитник е на голем број книжевни награди: Горан за млади поети, Здравко Пуцак, Рикард Јоргованиќ. Преведуван е на унгарски, романски, шпански, кинески, англиски, македонски, словенечки, полски, бугарски. Главен уредник е на списанието „Поезија“.

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 13

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ