Elementi Logo

ЕДЕН

Backgorund

За и со Марио Пајнце

Доверба чини и чини, од Офсет Енгел.
каков мрак се пренесува од горниот свет?
извади дух од прстот, помошнику, како црнило.
предците се само таков вид, претходници на лаковите
на грбот. те заврзуваат за орловите канџи.
и моќното животно квачи. мешана техника од непрецизни
појави: предците измазнуваат фибрози,
испраќаат буцкања по образи. предците се уморни
како кадифе, колку храбро, толку нежно. што ги правува толку меки?
кој ли вриска од далечините на котурот:
излези?
печатачот се формулизира, ги спушта печатарските плочи,
па олеснeти повторно ги крева. бојата на тонот капe.
пaтрону, ми помогна. сега друг.

Друг

те следи фенер, една вешта сенка

демне. на полето на дејство останува:
она од што се плашев да се плашам.

напнат како агрегат. заслепува мирис на горчлив бадем.

дали си го прашал својот дух од што те штити?

дали ти чисти дрвја (јарболи, греди), чува полиња (завртки) или песна ()?

рез. телесни предели во ореолот.
болскот завива, целосно настрана.
буден како риба.

ангелче, летај

летај, ангелче, летај.

Трет

Силен натиск на зглобовите, рамен натиск индиректно по стомакот. Спореден натиск однатре, грабач. Фототип одгоре, литографија оддолу. Дробечки натиск од сите страни, дробење. Влажен натиск врз усни, сув натиск на уста. Сигурностен натиск очи в очи, гравирачкн натиск од „НАКАДЕто“ . Синус, череп и други видови натиск.

Четврт

Te молaм, помогни му на нашето страдање од јазикот. мојата стравопочит
е упатена кон самото удостојување, сосема лабаво,
кон еден добар час на смртта: Го заковав во глина, сонетот

го прекинуваат милитантни монаси, истрошени од вечерта.
помирни монаси не’ воведуваат, отклучуваат читалници.

повеќе од шест илјади манускрипти бараат ракопис,
потпишан со златен отпечаток од лева рака,
уништен со пресилен отпечаток од десна.

двесте и педесет палимпсести бараат корист,
каде што лежат срчи миропомазани во зандани и:
староетиопски превод на Галеновите „Едноставни дроги“
мени издлабено од девонски варовник од околу 4-тиот век
досега непознато мачеништво на најомилената маченичка
исчезнатиот 18-ти фрагмент на Codex Climaci Rescriptus
дополнително евангелие по Катарина
филозофски мантили во тренд на сезонски trenches
маченички венец што се гаси на high noon.

формата, сè уште во оригинален повез, ги изнесува
четирите бели стиха надвор од строфата, во куфери на тркала
секакви. на готовс насекаде
ведрина.

ЗА АВТОРОТ

Феликс Шилер

Феликс Шилер

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 13

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ