Elementi Logo

ДЕНЕС, ТИ И ЈАС

Backgorund

ДЕНЕС, ТИ И ЈАС
Денес моето око
Зад тебе плаче
Спомените минати
Навираат, печат
Срцето чука
Сѐ посилно и посилно
По лицето врели
Солзи течат

***
Низ далечината сиви
Мисли пловат
Сето мое денес
Ита кон Тебе
Гласот Твој го слушам
Како ме повикува
Под недрата мои
Во соптвена закрила

ТАТКОВИТЕ РАЦЕ
Изминати години
Грижи и стравови
Тој ним
Не израсна
Нејаките
Се носеа товари
На тело и во душа
Тие трепереа
Се издржаa
Татковите раце
Нашите кровови
Не штитеа од
дожд, тага
и туѓи погледи
Татковите раце
Нескршливи
Темел на нашите
Конструкции

ПУСТИ КУЌИ
Во зима
од оџаците вити
димот полека се виеше
Куќите беа полни со деца;
радости, викотници и веселби
И секој својот сон го сонуваше
А тогаш дојдоа
години тешки
Се навали стушеност
безнадежност и тага
Тргнаа многу
на далечен па
Син остави татко и мајка
Другар остави другар
Од сѐ само
останаа куќите
како трага дека и тука
некогаш животот цветал
Многумина во туѓина
подигнаа гнезда
секој за себе
како умее и знае
Празните куќи
ги чекаат нив
и само Бог знае
колку кутрите
за нив патат
Како времето одминува
желбата е сѐ поголема
Дека во своите
куќи ќе се вратат

Хакија Кариќ, превод од босански јазик: Драгана Евтимова

ЗА АВТОРОТ

Хакија Кариќ

ХАКИЈА КАРИЌ е роден е во 1966 година во Брчко. Тој е дипломиран психолог. Досега има објавено девет книги, од кои пет се збирки поезија за возрасни и збирка поезија за деца, како и збирка раскази и монографија за неговото родно место. Неговата поезија е преведена на: германски, албански, полски, дански, англиски, ерменски и македонски. Покрај поезија и проза, тој пишува и драмски текстови, рецензии и книжевна критика. Преведува од германски и македонски. Тој е член на Здружението на новинари на БиХ (од 2007 година), на Здружението на писатели на БиХ (од 2012 година).

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 13

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ