ЧОВЕКОТ ШТО ЧУКА ВО ЛУБЕНИЦИТЕ
излегува со стемнат поглед
со полуотворени семки во џебовите
напукнатата улица му го вовлекува песокот
во кафеавите пластични влечки
и во ноздрите
Човекот што чука во лубениците
прашува дали е срцето доволно бордо
и доволно слатко
Не му се остануваше
со жената што полни пиперки
и го тера да ги одвојува белите
од изгорените зрнца ориз
му вели на потемнетиот човек во приколката
Човекот што чука во лубениците
во џебот од кошулата
го носи клучот на својот зарѓан автомобил
секое попладне седи на совозачкото седиште
со излитена јамболија
Под шофершајбната
од кутијата цигари
вади лимен вентилатор
и пушта
наместо ветрот на плажата
да му ги лади преостанатите трепки
Со цревото натнато на чешмата во дворот
до доцна во ноќта
човекот што чука во лубениците
ги полева теписите
Потоа врз оној што впил најмногу вода
се испружува
Со лактите под вратот
сонува
дека со комбето полно со дињи
во кои не мора да чука
патува во некое приморско место
ЖЕНА СО ПРЕТЕРАНО ИЗГЛАНЦАНИ ГУМИ НА ВЕЛОСИПЕДОТ
вози низ патеката од остар чакал
Босите испотени стапала
и се лепат за вжарените педали
Жената со изгланцани гуми
и зарѓан волан на велосипедот
сака да оди на пазар
Таму купува гумички за тегли во три бои
подоцна од нивните јазли
прави цветови
што ги закачува на заоблената јака од кошулата
некому во камионетот со лубеници
му вели дека
кога ќе се затемни екранот
мајката го удира телевизорот со колената
Затоа жената со расипано ѕвонче од велосипедот
не си оди дома до пред вечер.
На патот од најдалечната пилјара
го гледа човекот што седи
во автомобилот на излупената лимарија
го стиска леденото шише со вода
и свирка под пропелерот од џебниот
вентилатор
Го прашува каде продаваат лубеници
со најдебела кора
за слатко
Човекот молчи
Ја побарува радио-станицата што не шушти
на транзисторот
од совозачкото седиште
ги тргнува преостанатите семки
Жената со изгланцаните гуми на велосипедот
залегнува со лактите во прашливата јамболија
сонува дека лежи врз
водените од поројот
борови иглички
како врз тепих
Во корпата од велосипедот
со синџирот изгорен од моторно масло
се тркала
жешка напукната диња
Милена Илиќ е родена 1978 во Белград. Димпломирала книжевност на Филолокиот факултет во Белград. Пишува песни и кратки раскази: збирката песни „Хепи микро вумн блуз“ (Поетување, 2009), една е од авторите во збирката за млади „Просторот на мокриот пес“ (Култирен центар „Град“, 2014), песните и с енаоѓаат и во збирката на неколку автори „Автопортрети“ (Центар за творештво на малдите) Расказот „Врбопук“ е објавен во седмичникот „НИН“ (2014) Ушествувала на поетски фестивал во Полска (Вијенцборг) кој го организира списанието „Побоча“ во кое се наоѓаат нејзини песни. Преведувала раскази од македонски јазик за книжевниот фестивал „Крокодил“ како и за неколку списанија за книжевност на македонски јазик. Во 2016 глдина учествувала на книжевниот фестивал „Друга приказна“ во Скопје, како писателка и преведувачка од македонски јазик. „Од 2016 година активно преведува поезија и проза од македонски на српски јазик во соработка со издавачката куќа “Трет плоштад“ од Белград. Оттогаш има шест објавени книги преводи.