Elementi Logo

ИНТЕРВЈУ СО МИЛУТИН ЃУРИЧКОВИЌ

Backgorund
НАЈУБАВО СЕ ЧУВСТВУВАМ КАКО ПИСАТЕЛ ЗА ДЕЦА

(Интервју со Милутин Ѓурчковиќ, писател и научник, претседател на Институтот за детска книжевност од Белград, Србија)

  1.  Вашите книги за деца се преведени на повеќе од педесет јазици. Дали најмногу сте се нашле во детската книжевност и колку тој ангажман Ве исполнува?

За разлика од многу други писатели кои својата кариера ја започнале како поети или прозни пиатели, јас својата сериозна творечка кариера ја започнав како книжевен критичар. Изгледа чудно, но така е. Додуша, своите први песни ги објавив како ученик во основното училиште во Дечани и уште тогаш соработував со списанија и листови за деца ширум земјата. Во редното училиште имав објавени песни за деца на француски, македонски, албански и турски јазик. Како студент пишував критики и прикази за тогашните угледни списанија во земјата, сосема рамноправно со моите професори и другите творци. Мојата прва книга беше поезија, всушност дебитирав истовремено со две поетски книги за возрасни, „Хиландарски печат“ и „Портокал во градината“ кои се објавени истата 1992 година. После тоа објавув цел низ жанровски разновидни книги (театарска критика, книжевна критика, народни умотворби, сатира, антологија, хрестоматија, публицистика), но сепак, заклучив и сфатив дека најдобро и најубаво се чувствувам како писател за деца. Во тој волшебен простор на детството човек е секогаш млад и секогаш е дете. Затоа и мојата книуга избрани песни за деца се вика „Засекогап дете“ (2018)

Меѓутоа, најголем успех постигнав со хумористичниот серијал за близнаите киј во добра мера претставува автобиографска приказна за мене и за мојот брат близнак ко с евика Милан. Првиот роман којс е вика „Како растеа близнаците“ (2011), доби неколку награди, наградата за роман на годината „Раде Обреновиќ“, „Доситеево перо“, награда на критиката за деца, најдобра книга за деца о Црба Гора итн. Набрзо е преведен на англиски јазиик и оттогаш доживеа околу 60 изданија ширум светот. Изненаден сум и пријатно воодушевен од овој факт што не можев да го предвидам ни на сон. Во Африка имаше четири изданија ( Нигерија, Конго, Кенија, Зимбабве). Но, интересно е да с екаже дека тој роман, како и неговите подоцнежни продолженија се најмногу преведени на македонски јазик и доживеале четири издабија заедно со аудио изданието. Секако, за тоа сум ти благодарен тебе Сашо и на сите што придонесоа моите романи за близнаците да се појават на македонски јазик. Значи, пишувањето за деца во потпоност ме исполнува и ме ревитализира во духовна, етичка, педагошка и во секоја друга смисла. Тука сум свој на своето и не би го напуштил тоа убаво и неповторливо творечко чувство.

  1. Неодамна го основавте Институтот за детска книжевност и имате завиден број на изданија. Кажете ни нешто повеќе за самата политика на институтоти за неговите понатамошни планови.

Јас сум основач и идеен творец на Институтот за детска книжевност. Имено, пред неколку години, со група ентузијасти, односно мои колеги, пријатели и писатели за деца, го составивме рамковнито план и го одржавме основачкото собрание, а институтот е офивијално регистриран како здруѓение на граѓани пред две години во Белград. Овој институт е посветен на пропагирањето, развојт и унапредувањето на книжевноста за деца и млади а основните негови делувања се насочени кон органзиизрање н стручни и научни собири, тркалезни маси, трибини и книжевни средби се со цел афирмирање на уметничката литература за деца. Исто така институтот се занимава и со формирањето и периодично ажурирање на информациската база на податои за писателите, книгите, издавачките куќи, илустраторите, преведувачите, наградите, конкурсите, фестивалите=, научните совири итн. Овој иснтитут ќе се занимава и со промовирање на книги и значајни изданија (белетристика, студии, монграфик, антологии, сборници),  веќе отвора и голема издавачка активност. Секако, тука ни е важна и активноста за подобрување на условите за занимавање со детска литература и медиумско промовирае на нејзините врвни достигнувања.

За релативно кратко време го направивме тоа: прганизиравме неколку промоции, потпишавме низ протоколи за соработка сос родни установи и институции во земјата и светот, тргнавме со меѓународен научен собир во Параќин, а посебмо ја нагласувам издавачката дејност. Имено, покрај кнжевното списание за деца „Едреник“, чиј уредник е Зоран Пеневски, го започнавме и „Годишникот на Институтот за детска книженост“. И двете публикации имаат вече по два броја. Одржавме и промоција на нашит досегашни самостојни и заеднички изданија во Здружението на  книжевниците на Србија. Не би издвоил посебно некаков наслов, но изразито сум горд на списанието „Годишник“, чиј втор број (478 страни) опфаќа 45 прилози од 13 земји. Без лажна скромност, но убеден сумд ека такво нешто нема ниедно друго списание не само во земјата туку во целиот регион. Исто така сорабптиваме и со многу институцииво соседните земји, објавуваме и разменуваме изданија, како и улествуваме на стручни и научни собири. 

  1. Неодамна станавте и член на Европската академија за наука и книжевност. Кажете ни нешто повеќе за таа академија и колку вашето членство ќе биде поттик за понатамошната работа?

Изборот за член на Европската академија на наука и уметност за мене претставува голрма чест, довеба, но и одговорност. Оваа угледна светска институција има околу 2000 членови, односно еминентни наупчници и творци од целиот свет од кои 34 се нобеловци. Неодамна бев во Салцбург (Австрија) на свечениот прием на новите членови кој протече навистина спектакуларно и на високо ниво. Инаку, академијата има седум доделенија (природни науки, општествени науки, уметност, право, економија, технички и еколошки науки, религии на светот). Јас сум член на третото одделение кое опфаќа уметнист и книжевност. На самиот прием го запознав претседателот на Академијата, угледниот професор и научник Клаус Мајзнер од Германија,мкако и многу други големи научници од разни области и дисциплини од целиот свет. Исто така, имав прилика да го посетам и историскиот дел од градот, кој е импозантен и интересен по многу нешта. Самата инаугурација беше многу свечена и умешно организирана.

  1. Каде се движат смерниците на истражувањата во областа на педагошките науки кога е во прашање вашиот ангажман со оѕир на тоа дека сте многу чест учесник на Змаевите детски игри во Нови Сад, а долго време сте и раководител на научната конференција Воспитувачот на 21 век?

Скоро секоја година учествувам на неколку научно-стручни собири и конференции во земјата и регионот од едноставна причина што сакам да бидам во тек, односно да ги следам современите научни достигнувања и да пружам скромен придонес во расветлувањто на одредени прашања, теми и проблеми од областа на науката за книжевноста за деца и млади. Покрај Светувањето на Змаевите детски игри во Нови Сад, секако треба да се издвои и биеналниот научен собир „Книжевноста а деца во нуката и наставата“ кој секоја година се организира на Факултетот за педагошки науки во Алексинац. Неколку тематски собири за книжевност за деца организираат и Учителските факултети во Ужице, Врање и Сомбр, а објавени се и посебни зборници на трудови. Исто така и високите школи а воспитувачи, а од неодамна и Акдемии го дават својот придонес во ова област меѓу кои и мојата установа на конференцијата „Воспитувачот на 21 век“ која отсекот во Алексинац ја организира секоја година во Соко Бања. Во овој низ на собири секако треба да се додаде и Меѓународниот научен собир „Кнжевноста за деца и млади на меѓникот меѓу два милениуми“ кој пред две години го организираше Институтот за детска книжевност и книжевниот клуб „Марко Бањевиќ“ од Параќин. Темтскиот зборник од овој собир опфаќа 16 рзновидни прилози од неколку земји. 

  1. Познати се Вашите книги за близнаците кои доживеаја големи тиражи. Далиќе продолжите со тој сериал со обѕир на тоа дека книгите се многу барани?

Хумористичниот серијал за близнаците досега има шест објавени романи, а тоа се: „Како растеа близнаците“ (2012), „Каков татко, ткви близнци“ (2012), „Близнците и семејниот циркус“ (2014), „Близнаците и петок 13“, (2017), „Блузнците свират рок“ (2018), „Новите авантури на близнаците“ (2019). Нпишав уште два романи: „Близнаците во акција“ и „Близнаците на местото на настнот“, но тие чекат на објавување во онаа или можеби во следната година. Во секој случј, нема да престанам со пиување на романи за близнаците, зашто тие два ведри ликови на деца и тинејџери сакам подоцна да ги претставам и како возрасни личности кои имаат свои деца и секако, тогаш започнуваат нови односи, ситуации иразни пресврти. Се надевам дека ќе успеам да го задржам препознатливиот стил и хумористичнат нота иако тоа секогаш не е лесно и едноставно. Инку, драго ми е што читтелите и критичрите ме препознват по близнаците, а за тие романи критиката навистина пишуваше многу. Исто така имаше инеколку реферати, односно излагања за тие романи на разни научни собири овде кај нас што навистина ме изненади пријатно и благодарен сум на сите што пишуваа за тоа, што ги преведуваа романите и на сите други кои на било кој начин придонесоа за нивната популаризација во земјата и светот. Освен за близнаците, објавив и уште два романи за деца и млади кои имаат поинаква тематика, а тоа се: „Јас те сакам, а ти како сакаш“ (2016) и „Преку границата“ (2021). 

  1. Вие многу успешно се испробавте и во водите на книжевноста за возрасни, а и во жнрот на есеистиката. Дали планирате да се вратите на тие книжевни жанрови?

Објавив една книга есеи и критики „Писателите и детството“, а исто така и приредив неколку монографии и хрестоматии (смостојни и заеднички): „Митот и татковината“ (2000), „Поетиката на детството“ (2007), „Книжевноста за деца и млади во книжевната критика“ (2007), „Сонце на прозорецот“ (2009), „Одвткивање на свитокот“ (2019) и др. Се надевам дека оваа или следната година ќе пбјавам уште една книга есеи, огледи и студии која претставува природен и логичен идејно-методолошко продолжение на проучувањето од областа на книжевноста за деца, а насловот ќе биде „Писателите и детството 2“. Во печат е и мојата докторска дисертација за творештвото за деца на Миленко Матицки која ќе ја објави белградска Алма во соработка со Институтот за детска книжевност. За волја на вистината, се трудам што помалку да се занимавам со есеистика и книжевна критика затоа што тоа бара голем труд и време. Меѓутоа, многу те секојдневни обврски (рецензии, уредување и приредување на книги и списанија) тоа едноставно не го дозволуваат, така што, сакал или не сакал, ја сум скоро секоја ден во таа работа или во таа област во помала или во поглема мера. Во последно време интензиво се занимавам со драма за возрасни затоа што многу ме привлекува и тоа е единствениот жанр во којшто не сум се испробал. Наскоро излегува мојата прва драма „Живот под маски“ (Мелодрама од времето на вирусот корона), а токму сега ја завршувам и втората рама „Аквариум“. Имено,с е трудам да ја раскршам востановената схема во законитоста нна драматургијата односно да понудам некакво ново видување и спој на химорот, апсурдот и нонсенсот.

ЗА АВТОРОТ

Елементи

Елементи

ЕЛЕМЕНТИ – БРОЈ 13

ПОДДРЖАНО ОД

Елементи

Елементи

© Електронско списание за книжевност - ЕЛЕМЕНТИ