КАКО И СИТЕ СЛОБОДНИ ДЕВОЈКИ
АНА
АНА
Учителот по веронаука ни пушта аудио лента. Снимката е лоша, па прво се смееме зашто нешто зачкрипува и за малку ни ги пробива четиринаесетте уши. Ние седум сме во првиот ред, зашто тој коњ ни рече
УЧИТЕЛОТ ПО ВЕРОНАУКА
Ајде вие во првиот ред деца.
АНА
А нормално, ние секогаш седиме во последниот. Ена и седи на Уна во скутот, а сите ние другите, како и секогаш, една до друга. И сите друго од одделението ни гледаат во седумте грбови. Јас имам маичка без грб, па ми е драго зашто сите гледаат како косата божем случајно ми паднала преку кичмениот столб и преку убавите мои стеснети пршлени. И го давам на Ина телефонот да ми го сликне грбот да видам дали добро паднал праменот по средината; не е баш, малку го поправам. Лентата поторно загребува морничаво по нашите четиринаесет ушни тапанчиња, вероучителот не знае баш да ракува со компјутерот, а ни со УСБ-то.
ИНА
Станувам, го држам ајфонот в рака, со сликата на Ана на екранот, со другата рака му искликнувам нешто по тастатурата и снимката почнува, сега веќе не чкрипи.
АНА
Од аудио мп3 фајлот што се вика „Тоа не е избор, тоа е дете“, ни зборува, ни пет ни шест, туку фетусот. Кога фетусот го кажува насловот, кога фетусот вели ТОА, кога вели дека ТОА не е избор, дека ТОА е дете, ние не знаеме точно дали мисли на нас, дали мисли на себе, дали мисли на учителот по веронаука кога бил дете, дали мисли на нашите родители и на нас, или на нашите родители како ничии деца, дали мисли на нашите деца што нема да ги родиме или на нашите деца што ќе ги родиме или на нашите деца што сега растата во нас, но не пуштија корени и ние лесно, најлесно ќе ги искорнеме. Не знаевме на што мисли кога вели ТОА, но од лентата низ училницата одекна примордијално врескање, вресок од искорнатиот фетус од нашите седум утроби. Фетусот вели:
ФЕТУСОТ
Мама, мама, мама, мама, мама, мама, мама немој да ми го правиш тоа. Ме боли, ме боли! Ми го откинувашп ножето, ми го откинуваш рачето, ми го откинуваш главчето, ме боли. Аааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааа
Аааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааа!
АНА
Тоа го вели фетусот, но ние сепак не разбираме како тој го зборува тоа кога знаеме дека ние сме проговориле како која, но не пред петте свеќички на тортата. На некои им требаше и многу подолго, а дури и да ги формулираме зборовите како:
ФЕТУСОТ
Убиство на деца, чедоморство, право на живот, деца наши православни, котете се, окотете се размножувајте се светлото на Господ е со вас чедото вашето чедо вашето вреска…
АНА
Како го научил тоа фетусот, тие комплицирани зборови; ние не го разбираме тоа, но сепак слушаме.
ФЕТУСОТ
Аааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааа, мама, мама, мама, јас не сакам надвор.
МИА
Тој не сака, но ние сакаме. Станува Ена, станува Ина, станува Она, станува Уна, станува Леа, станува и Миа, и јас станувам; стануваме една по една, и секоја излегува и зад себе ја треснува вратата. Фетусот вели: „Масакрот на неродените е масакрот на невините“, и Ена ја треснува вратата и го поклопува. Фетусот вели: „Станување против самиот себе и против светостите на животот!“ и Ина ја треснува вратата и фетусот мора да замолкне. Фетусот од лентата цика како прасе и ситепо ред го поклпуваме:
ЕНА
Замолкни глупчо
УНА
покриј си ги ушите ако воопшто ги имаш
ИНА
убиј се ако не сакаш ти ние ќе те убиеме.
МИА
Фетусот уште ни вели:
ФЕТУСОТ
дека по Вујаклија еугеника е (грч. еу добар, генеа потомство) една од најважните гранки на социјалната политика: расна хигиена, т.е. наука за условите што водат кон создавањето на телесно и општествено здраво потомство, односно што спречуваат раѓање на нездраво и за живот неспособно потомство. Мамо, мамо, што се случува? Беше топло и мрачно и тркалезно, склупчен сум, сега ме распарчуваш и ме фрлаш во кантата за ѓубре на тврдо и студено
МИА
и јас ја треснувам вратата, веќе не го слушаме.
АНА
Пушиме пред школото. Одиме по патеката до улицата, до местото каде што минуваат автомобилите, всушност одиме и во аптеката, и велиме на жената: Седум тестови за бременост, Ве молам!
АПТЕКАРКАТА
Колку саката, што? Деца, имате ли вие рецепт? Имате ли лична карта?
МИА
Седум на кур да те носам. Слушна, краво една, сите сакаме по еден тест. Инаку се делиме една со друга, ама токму сега не сакам да мочам на тестот веќе измочан, целиот влажен и мокар.
АПТЕКАРКАТА
Добро, еве седум тестови. Тоа е девојки, триесет и шест, запирка осумдесет конвертибилни марки.
АНА
Собираме пари, шушкаме, ѕвечкаме. Од кај ни се тие рипа? Кому му е гајле! Повелете!
АПТЕКАРКАТА
Пријатно!
СИТЕ ДЕВОЈКИ ЗАЕДНО
Пријатно!
ЕНА
Јас ќе се измочам прва, зашто прва се ебев.
АНА
Јас втора.
ИНА
(Чука на вратата од клозетот) Ало, ај не си единствената трудна, побрзај!
АНА
Јас дење ноќе мочам по цвеќето, се вика цвеќе за јас да можам да мочам, јас би мочала дење ноќе во некоја алеичка ископаната цветна леа има здрави состојки во мојата мочка може цвеќете уште подобро ќе успее некој поминува, цацнува. Јас го гледам тстот чекаме сите чекаме и четиринаесет дебели четиринаесет дебели четиринаесет дебели убави линии црвени линии се појавуваат истовремено на пластиката, тоа е преубав волшебен призор тоа е чидо на животот растат линиите сите заедно прво немаше ништо одеднаш нешто немавме ништо ниедна од нас немаше ништо и сега еве одеднаш имаме нешто имаме се, се имаме се, одеднаш на малиот бел правоаголник има две паралелни линиички црвени се бакнуваме една со друга умревме од среќа одеднаш фрламе коски велам: Честитам
ЕНА
(На УНА) Ќе му бидам кума на детето.
ЛЕА
(На МИА) Смисли ли веќе име?
ИНА
(На ОНА) Кој е таткото на детето, да го ебам, кој е стариот?
ОНА
Еве, мене ми излезе само една линија. Проклета сум или што?
УНА
Блазе си ти, мене баш и не ми е до ова.
АНА
Одиме понатаму низ улицата која стварно не е улица туку прашлива мемла и кал и јас подобро би се соблекла гола но ја симнувам јакната одиме до паркот, пушиме, Она ми запалува цигара, Она е заебана оти и излегла само една линија а ТОА ништо не значи, сите и го велиме тоа.
ИНА
ТОА не значи ништо, не плаши се.
АНА
Седиме на клупата, седиме на бетонската патека под клупата, ќе настинеме, но кого го боли курот за тоа, добро сега мораме да мислиме дека ние наскоро ќе бидеме четиринаесет.
ОНА
Тоа е убав број, уште и ако не сум трудна ќе бидеме тринаесет, уште поубаво, тоа е најубавиот број како нашите години.
ЕНА
Седиме ние седум три на клупата четири на бетонската патека во десните раце држиме запалени цигари во левите раце тестови за бременост и гледаме пред нас пред нас гледаме што ни доаѓа нови животи што ние ќе ги донесеме ќе ни се слушат нови животи седум нови животи нивни најнови и уште седум наши што исто ќе бидат нови со самото тоа што ни се случило такво нешто големо и важно.
АНА
Гледаме пред себе и гледаме седум устиња како ни ползат до четиринаесетте цицки и многу пелени што ги купуваме и ги переме заедно секогаш добиваме попусти зашто купуваме на големо и разменуваме совети и рецепти разменуваме и деца што е важно кое е чие се гледаме таму во далечината, се гледаме таму пред нас само нашите деца не ги гледаме тие ги промеија обрисите беа тенки како сега во овој момент додека седиме на клупата и додека седиме на патеката бетонска под клупата беа тенки па се заоблија и потоа се изобличија и веќе не можевме да ги видиме а се останато на хоризонтот беше кристално чисто блескаво и јасно.
Тања Шљивар (1988), драмска авторка родена во Бања Лука, СФРЈ. Дипломирала и магистрирала драматиргија на Факултетот за драмски уметности во Белград, а завршила и мастер студии на применети театарски студии во Гисен, Германија. Авторка е на шест целовечерни драми коис е објавени во театарски списанија, различни антологии, и изведени ин Јавно читани во професионалните театри во Босна и Херцеговина (БНП Зеница), Србија (Ателје 212), Хрватска, Полска, Австија, Шпанија, Албаија и Германија (Дојлес Театар Берлин, Шаушпил Штудгарт, Театар Дортмунд) Истот ака пишува и објавува кратки раскази, радио драми, филмски сценарија и театролошки текстови. За драмското пишување освоила неколку награди меѓу кои последни се Стериината награда, наградата Mess market award, па ниминацијата Retzhofer Dramapreis во Австрија. Драмите ис е преведени на десетина јазици, а била и гостинка на книжевните резиденцијални програми во Грац, Виена и Приштина.