Во Рамки на 34. Поетска ноќ во Велестово се одржа проектот „OH
READ ‒ Поетски викенд и работилница за млади од регионот“.
На настанот учество зедоа пет поети од четири земји од регионот, и
тоа: Мањола Наси (Албанија), Селахатин Јолгиден (Турција), Валентина
Бакти (Србија), Диме Данов и Јулијана Величковска од Македонија. Со свое
излагање се вклучија и дел од другите поети учесници на „Поетската ноќ
во Велестово“ ‒ Лидија Димковска и Ана Голејшка Џикова од Македонија.
Поетското читање се одржа во кафе и бар „Шила“ во Охрид, а
работилницата за кретивно пишување и иновативно интерпретирање
поезија, на која учество зедоа младите од Охрид и регионот, како и
учениците од охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ се одржа во
просториите на „Касарна Хаб“, Охрид.
Проектот OH READ е поддржан од програмата на РЕАД (Регионална
Мрежа за Културна Разновидност) и Европската Унија, и помогнат од
„Касарана ХАБ“, кафе и бар „Шила“ од Охрид, како и од „ПНВ Публикации“
од Скопје.
Елементи