Андријана Кос Лајтман (1978) е вонредна професорка на Учителскиот факултет на универзитетот во Загреб каде што е носителка на различми колегиуми од хрватската и светската книжевност. Научните интереси ис е најмногу насочени кон современата книжевност. Објавила шеесетина научни трудови во домашни и странски публикации и две научни книги: „втобиографскиот дискурс на детството“ (Левак, 2011) „Поетика на обликот – современимконцептуални и хепертекстуални прози“ (Левак, 2016). Авторка е на поетските збирки „Утрински лауреат“ (Град Чаковец 2008), Лунуле (Диспут и ДХК, 2021, Награда „Добрица Цесариќ“), Телеидоскоп (ХДП, 2018, финале за наградата „Иван Горан Ковачиќ“), Скалила за Стојанка К. (В.Б.З 2019, финале за наградата „Фран Галовиќ“) и Заразна зона (Фрактура, 2021, коавторство со Дамир Радиќ, финале за наградата „Тин Ујевиќ“) Песните и се преведени на македонски, словенечки и унгарски јазик. Повременос е занимава со книжевна критика, како и со филм.